Александар Николоски од ВМРО – ДПМНЕ ќе му парира на Заев во четворката

0
69

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната прес – конференција ги објави кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори на 12 април. Тој како претседател на најголемата опозициска партија во земјава нема да се најде на кандидатските листи. Носител на листата во првата изборна единица е Гордана Силјановска Давкова, додека кандидатската листа во двојката ќе ја предводи Владо Мисајловски.

Листата на кандидати во третата изборна единица ќе ја предводи Игор Јанушев, додека на Зоран Заев во четвртата изборна единица ќе му се спротивстави Александар Николовски. ВМРО – ДПМНЕ како носител на листа во петтата изборна единица го предложи Игор Дурловски. Во шестката кандидатската листа ќе ја предводи Дафина Стојаноска.

Претседателот Мицкоски спомена дека Централниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ едногласно ја усвоил листата на кандидати за пратеници со која тие ќе настапат на претстојните парламентарни избори.