Александар Николоски: СДСМ коалицираше со БЕСА за да не се види волјата на етничките Македонци

0
79

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „10 Минути“ на ТВ 21 рече дека коалиција помеѓу СДСМ и БЕСА, има за цел да не се види волјата за кого ќе дадат глас повеќе етничките Македонци.

-Коалицијата на СДСМ со Беса е за „манипулација на гласачите“ затоа што нема да може да се види „волјата на двете најголеми заедници во државава“. Ова е очајнички потег на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за да се спаси, изјави Николовски.