Алијанса за Албанците смета дека на административците не треба да им се намалуваат платите

0
83

Алијансата за Албанците преку партиско соопштение реагираше на одлуката сите вработени во јавната админситрација во наредни два месеци да земаат минимална плата. Од оваа партија сметаат дека за препродување на кризата треба да се презенмат други чекори

Подолу е целото партиско соопштение на Алијансата за Албанците

Принципот на солидарност во општеството е сидро каде општеството го поддржува неговиот развој. Овој принцип особено добива тежина во услови на криза како тој што ја зафати земјата!

Принципот на солидарност меѓу генерациите во оправданоста на јавниот долг е добро познат. Сепак, постои и непишан принцип дека секој треба да придонесе врз основа на својата финансиска можност.

Врз основа на овие принципи, и фактот дека вработените во јавната и државната администрација, наставниците во средните и основните училишта кои примаат најниски плати, нивниот месечен приход е далеку над нивото на потрошувачката корпа, затоа сметаме дека е неподнослив товар за оваа категорија да се оптовари и со еден дел од трошоците за справување со кризата.

Алијансата за Албанците ја поканува власта да бараат извори на финансирање на други адреси, позајмувајќи средства од меѓународни финансиски институции, зголемувајќи ја ефикасноста на јавните пари, намалувајќи ги максимално јавните непродуктивни трошоци, прекинувајќи ги сите јавни трошоци на јавни службеници, освен основната плата.

Во функција на конкретизирање на мерките, предлагаме приходите до 30.000 денари да останат непроменети, а приходите над 30.000 денари да паднат на минимална плата за април и мај. Тие кои имаат солидни плати имаат дополнителна можност да ги надминат следните 60 дена.
Се надеваме ќе ја надминеме оваа состојба што е можно поскоро.

Алијанса за Албанците,