Армијата се вклучи во контролата на почитување на полицискиот час

0
91

Армијата излегува на улица. Војската заедно со полицијата ќе патролираат и контролира дали граѓаните ја почитуваа забраната да не излегуваат после 21 часот. Лицата кои ќе бидат затекнати на улица за време4 на полицискиот час, меѓу нив и оние кои треба да бидат во самоизолација, ќе бидат спроведени во државен карантин.

За време на полициски час, освен полицајците, војниците, пожарникарите, здравствените работниците и вработените во комунална хигиена, слободно ќе може да се движат и медиумските работници, рече министерката за одбрана.

Војската доби и други овластувања: Целосно обезбедување на зелена линија на границите, со цел да се спречат илегални преминувања. Ќе вршат контрола на влез и излез на патните правци кои водат кон населените места преку воспоставување мобилни пунктови, а ќе ги штитат и клучните институции како Собранието, Владата но и затворите.