Битолчанец копал во дворот и пронашол граната од Првата светска војна

0
83

Вчера во полицијата во Битола, С.П. пријавил дека при копање во дворот од куќата на улицата „Илинденска“ во Битола пронашол стара неексплодирана граната.

Полициски службеници извршиле увид на местото, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за рачна граната од Првата Светска Војна, јави МВР.

Гранатата била безбедно подигната од мест ото.