Боки 13 во судница ќе презентира фотографии од неговата гардероба

0
110

На денешното рочиште за “Рекет” адвокатот Сашо Дуковски, најави дека ќе презентираат фотографии од гардероба на Бојан Јовановски за да докажат дека поголемиот дел е купена пред 2019 година. Обвинителката Вилма Русковска пак на Јовановски му заплени седум вреќи со брендирана гардероба, за која тврди дека ја купил со пари од рекетот.

На денешното рочиште обвинетата Катица Јанева треба да предложи сведоци.

Hа листата на сведоци на Јанева се ставени седум обвинители од веќе згаснатото СЈО. За тројца ќе биде предложено да сведочат зад затворени врати, односно со исклучување на јавноста, а четворица ќе сведочат јавно.

Во судница, како сведоци предложени од обвинителката Вилма Русковска, веќе сведочеа тројца обвинители од тимот на Јанева. Односно обвинителите Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми. Остануваат обвинителите Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Љубомир Лапе, Трајче Пеливанов, Ленче Ристоска, Стевче Донев и Артан Ајро, кои најверојатно се на листата на Јанева.