Бомбаш-самоубиец се разнесе во близина на амбасадата на САД во Тунис, петмина повредени (видео)

0
86

Моќна експлозија се случи во близина на американската амбасада во Тунис, пренесува АФП.

Ројтерс објави дека станува збор за бомбаш-самоубиец, пренесувајќи ја веста од локалното туниско радио „Мосаик“, кое ги објави вестите без дополнителни детали.

Индипендент, исто така, известува, повикувајќи се на локалните медиуми, дека едно лице се разнело во главниот град на Тунис.

Официјалната веб-страница на американската амбасада во Тунис ја потврди веста за експлозијата, но не се објавени дополнителни детали.