Бркотница во Аеродром: Алжирци украле возило, бегале од полицијата, едниот скокнал во Вардар, другиот повреден

0
81

За кратко време бил изваден од реката, по што и двете лица биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош и било утврдено дека биле од Алжир.

Рано утрово во 03.40 часот на булевар „Јане Сандански“ во Скопје, патничко возило „рено клио“, со велешки регистарски ознаки, не застанало на даден знак од полициски службеници и продолжило кон Железничката станица.

Веднаш биле упатени дополнителни служби за да се запре возилото, но тоа успеало да ги одбегне патролите и се упатило по бул.„Гоце Делчев“ во правец кон крстосница со ул.„Беласица“.

Во близина на МТВ, возилото удрило во патничко моторно возило „дачија дастер“, сопственост на МВР, по што возилото продолжило во правец кон населба Керамидница и по кратко време возачот изгубил контрола и удрил во бетонски жардињери и запрел.

Притоа, со повреди се здобил совозачот, а возачот излегол и скокнал во реката Вардар во обид да им избега на полициските службеници.