Варошлија раскажа за денот кога Боки 13 беше уапсен, а кажа и дека Кичеец му бил чест гостин на Јовановски

0
99

Стилистот Сергеј Варошлија денеска сведочеше на рочиштето за случајот “Рекет”.

Тој рече дека со Бојан Јовановски се познавале 15-на години, и многу се дружеле. Варошлија раскажа дека Јовановски бил близок многу со неговата баба Евгенија и дека таа како што рече, му оставила материјални добра на својот внук Јовановски за да го обезбеди.

Тој раскажа и дека Јовановски бил многу модно освестен, и им бил многу интересен на многу модни дизајнери, кои го повикувале на модни ревии и му подарувале парчиња брендирана облека.

На прашањето на адвокатот Сашко Дуковски, дали ги познава Ана Камчева и Зоран Милевски Кичеец, тој рече:

-Ана Камчева ми е позната бидејќи ми била клиентка, а Зоран Милевски го знам од град, а подобро од 2018 година кога почна интензивно да доаѓа во 1ТВ и интензивно се дружевме. Речиси секој ден доаѓаше во телевизијата, а и во домот на Јовановски. Одевме на ручеци, вечери…, рече Варошлија.