ВИДЕО И ФОТО – Голем пожар изгореа триесетина возила покрај регионалниот пат Тетово – Јажинце

0
89

Попладнево во складиште за отпад на возила во голем пожар изгореа триесетина возила. Складиштето е лоцирано во атарот на село Непроштенто покрај регионалниот пат Тетово – Јажинце. Територијалната противпожарна единица интервенираше со четири противпожарни возила.

Ние по повикот веднаш се упативме на местото на пожарот. Пламените јазици беа високи триесетина метри. Беше голем пожар. Успеавме да го локализираме, односно истиот да не се прошири кон соседните објекти. Можеби имаше пеплосани триесетина возила, рече командирот на ТППЕ Тетово Ука Алити.

Gepostet von Uka Aliti am Mittwoch, 11. März 2020