ВИДЕО: Масовна тепачка во турскиот Парламент

0
74

Масовна тепачка изби во турскиот Парламент помеѓу членови на владејачката партија и најголемата опозициска партија. Тепачката се случи во ек на вжештена расправа околу турската офанзива во Сирија.

Според турските медиуми, дел од пратениците паднале на земја за време на тепачката.

Пресметката започнала откако Енгин Озчук од опозициската Републиканска народна партија излегол на говорница, а претходно на прес-конференција рекол оти претседателот Реџеп Тајип Ердоган е нечесен предавник.