(ВИДЕО) Со Господ напред против коронавирусот

0
89

Свештеници од Повардарската епархија ги прскаа улиците со света вода и се молеа да престане пандемијата на коронавирусот. Подобро би било да се прска со осветен Дезинтал, но ако им успее, заслужуваат Нобелова награда за медицина, коментираат луѓето на социјалните мрежи.

Лекарите засега немаат чаре против новиот коронавирус наречен КОВИД-19. Се испитуваат некои комбинации на лекови чија ефикасност допрва треба да се утврди, почнати се тестирања на вакцина против болеста, но според најавите, ќе помине најмалку година и половина додека таа да биде пуштена во употреба. Лекарите во меѓувреме препорачуваат често миење раце и најважно – да се држи растојание од други луѓе за да се спречи ширењето на заразата. До тогаш – господ да ни е напомош.

Свештениците од Повардарската епархија на МПЦ се качија на камиони, коли и џипови и со света вода ги попрскаа улиците во населените места во Епархијата. Тие читаа молитви и се молеа да престане глобалната пандемија на коронавирусот. Митрополитот Агатангел ги благословил литиите кои се одржале од возила во движење за да се испочитуваат препораките на државните органи да не се собира многу народ на едно место.

Извор РСЕ