Владата ја продолжи важноста на личните документи, ЕБР почнува да патролира

0
86
????????????????????????????????????

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на Канал 5 соопшти дека денеска Владата ги донела првите уредби со законска сила со кои се продолжува важноста на личните документи, додека трае вонредната состојба.

-За прв пат поминаа првите уредби со законска сила, кои веќе се усвоени. Се продолжува важноста на личните документи додека трае вонредната состојба, се суспензира законот за протести и јавни собири. Се продолжуваат роковите за полагање на возачките испити. Се продолжува важноста на престојот на странските граѓани кои имаат дозвола за престој во Македонија додека трае вонредната состојба. Во моментот приоритет на МВР е справување со состојбата со Ковид 19. Засега капацитетите на МВР се доволни. Од денеска единиците за брзо распоредување ќе патролираат од 12 часот на пладне до полноќ, со цел разбивање на групите кои не ги почитуваат мерките. За жал совеста кај дел од граѓаните не е на задоволитено ниво, и затоа Владата е принудена да носи вакви мерки. Се работи за предупредување на граѓаните, а доколку се повтори, се изрекува прекршочна казна, објасни Чулев.