ВМРО – ДПМНЕ : Заев со истрошени и криминални кадри, тим за сигурен пораз на овие избори

0
75

Ова е тим за пораз на Зоран Заев во кој нема ниту еден свеж кадар. Ова се сите луѓе на криминалот на Зоран Заев.

Зоран Заев не е човек кој е нов во политиката. Зоран Заев е политичар кој ја рекетираше Струмица по примерот на едно евро за Вицето, едно евро за црквата, сега ја рекетира цела Македонија по истиот принцип.

Зоран Заев е политичарот во чие време и со чие одобрение се случи најголемиот рекетарски скандал во цела Европа. Заев ја овозможи епидемијата на непотизам. Се случија Леонардо и Сар Хемс. Заев е главата на криминалниот октопод.

Радмила Шекеринска е политичар од времето на транзицијата, присутна во политиката уште од 90 – тите. Шекеринска нема што ново да понуди. Шекеринска во политиката значи нови бомбона бизниси на штета на државата, десетина стана стекнати на сомнителен начин, тендери за набавка на возила два пати поскапи од реалната пазарна цена.