ВМРО-ДПМНЕ: Зошто власта толку задоцнето презема мерки кои ги предлагаме?

0
82

Во 21 часот излегува министерот Венко Филипче на прес конференција и соопштува дека имаме 7 нови случаи на корона вирус. Вистинското прашање е каде плови овој брод?

Зошто власта толку задоцнето презема мерки кои ги предлагаме?

ВМРО-ДПМНЕ предупреди на жариштето кое може да се распламти и затоа дадовме сет на мерки. Се што требаше да направат е да ги применат.

Уште еднаш алармираме за сериозноста на состојбите. Грешки не смее да има. За граѓаните се работи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ