ВМРО-ДПМНЕ: На лагите на СДСМ и Заев им нема крај

0
74

„Без никаков срам криминалната СДСМ предводена од Заев се фалат дека градат фер и демократско општество за граѓаните. Но, граѓаните добро знаат дека сето ова сега СДСМ го прави за да манипулира и да добие некој глас повеќе за престојните избори.

Најавуваа нови социјални станови, а во овој мандат не само што не успееја да изградат половина од најавени, туку и не беа способни да ги завршат и оние кои беа започнати од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Лага е дека СДСМ ја зголемиле социјалната помош, кога граѓаните добро знаат дека не станува збор за никакво зголемување, туку тоа претставува збир на сите права од социјалната заштита.