ВМРО-ДПМНЕ обвинува: РКЕ не се откажува од ситни политички поени

0
80

РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД СИТНО ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ НА СМЕТКА НА КОРОНА ВИРУСОТ

Веќе неколку дена Македонија се бори со вирусот COVID-19. Состојбата се одвиваше од прогласување на кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, па потоа и прогласување на вонредна состојба на целата територија на државата. И додека бројот на регистрирани заразени постојано расте и тоа по експоненцијана крива, Претседателот на РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД СИТНО ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ!!!

Ни помаку ни повеќе, до сега одржа три прес конференции фалејќи се за работата на комисијата во овие тешки кризни времиња. Најпрво, би сакале да го потсетиме дека комисијата е независен орган, надвор од политиката и вакви пресови со кои се собираат ситни политички поени се во најмала рака срамни.

Во првиот прес на 16 март Претседателот излезе да се пофали дека цената на нафтените деривати ја намалиле дури на пониско ниво од цената во 2008 година, што во исто време било доказ дека правилниците донесени од нивна страна биле многи точни. Би сакале да им укажеме дека цената на нафтата е значително опадната на светските берзи, а како резултат на тоа паѓа цената и кај нас, како што се намалува секаде во светот. Да ги потсетиме дека тоа воопшто не е нивна заслуга, туку на настаната состојба во светски рамки со пандемијата од корона вирусот.