ВМРО ДПМНЕ – 100 илјади денари плата за универзитетските професори, намалување на ДДВ на 5% во културата

0
90

Победата на 12-ти април и формирањето на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе значат обнова на Република Македонија. За ВМРО-ДПМНЕ иновативноста, вложувањето во образованието и културата се сегменти кои што треба да се мотор на прогресивноста во државата, информираат од партијата на Мицковски

-Затоа пред граѓаните се обврзуваме на обнова која ќе опфати изградба на нови 20 и реконструкција на најмалку 50 училишта во Република Македонија. Со овој проект ќе се овозможат пристојни услови за работа, односно следење на настава во подобри услови. Идната владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува исто така да донесе поголеми плати за универзитетскиот наставен кадар, односно ќе се воспостави методологија која ќе обезбеди зголемување на примањата. Ќе се обезбеди до 100.000 денари за редовните универзитетски професори, до 80.000 денари за вонредните професори, до 60.000 денари за доцентите и до 45 илјади плата за асисистентите на факултетите. Ова значи 2.5 пати повеќе од тоа што денеска го обезбедува државата. Со овој проект ќе се обезбеди инвестирање во подобри услови за работа, средства и други лабораториски ресурси, но и мотивиран кадар се со цел да се спречи асистенти и доценти од универзитетите да го напуштаат наставно образовниот процес, се наведува во партиското соопштение на ВМРО ДПМНЕ