Вонредна дезинфекција во Битола поради коронавирусот

0
75

Во најголемиот енергетски комбинат во земјава – РЕК Битола, каде што работат неколку илјади битолчани, се вршат вонредни дезинфекции, а се почитуваат сите мерки за заштита од ширење на коронавирусот. Од Комбинатот гарантираат дека производството на струја тече непречено. Дезифекција се врши и во другите фирми и јавни претпријатија. Од Битола ни јавува Жанета Здравковска.

Тринаесет луѓе во Битола се во изолација и нив ги чува полиција поради тоа што биле во контакт или во близина со луѓе заразени од коронавирусот. Во меѓувреме низ Битола се врши дезинфекција на сите поголеми комбинати, фирми, работни простории, колективни превозни средства, со цел да се спречи евентуално ширење на вирусот.

Во најголемиот енергетски комбинат во земјава – РЕК Битола, каде што работат неколку илјади битолчани, не може да се влезе без дезинфекција на рацете, ставање заштитна маска и ракавици. Забранет е влез на други лица однадвор, освен на добавувачи, а вработените на работа доаѓаат претежно со свои возила за да избегнат колективно собирање во автобуси.