Во Италија пак порасна бројот на смртни случаи, 743 починати за еден ден

0
94

Шефот на Цивилната заштита изјави дека, сепак, и бројот на излекувани е во пораст, односно 894 повеќе од вчера или вкупно 8.326.

Италијанските власти соопштија дека во последните 24 часа од ковид-19 починале 743 лица, со што е прекинат дводневниот тренд на опаѓање на бројот на жртви од коронавирусот во земјата.

Во Италија досега починаа вкупно 6.820 лица како последица на новиот вирус. По црниот рекорд во саботата, кога имаше 793 починати, во неделата бројката падна на 650, а во понеделникот на 602, што поттикна надеж дека кризата почнува да се смирува.

Во пораст е и бројот на активни случаи на заразени за 3.612 лица, така што вкупниот број сега изнесува 54.030. Од почетокот на епидемијата, во Италија се регистрирани 69.176 случаи на коронавирус.