Во Србија власта распиша избори, а опозицијата „распиша“ бојкот на изборите

0
103

Во Србија власта за 26 април ги распиша редовните парламентарни, покраински и локални избори. Во исто време, опозицијата собрана околу коалицијата Сојуз за Србија (СзС) „распиша“ бојкот на престојните избори, како одговор на вчерашното распишување на изборите на 26 април, на сите три нивоа. Како што јави дописникот на МИА, со тоа во Србија почнаа две кампањи-едната изборна, на власта и втората за бојкот на „лажните избори“ и борба за „слободни и чесни избори“ на опозицијата, кампањи кои во Србија доста бурно започнаа речиси една година пред распишувањето на изборите. -Изборите се од пресудно значење за секој граѓанин. Зато ги молам луѓето да земат учество на изборите, да покажат одговорност кон својата земја и на најдобар начин да го изберат патот за себе и својата фамилија, за да обединети одиме во подобра иднина, изјави српскиот предсетал за време на распишувањето на изборите, посакувајќи истите да бидат демократски и мирни.