Во тетовско пет лица не го почитувале полицискиот час

0
79

Тие биле откриени во периодот од 21:20 часот до 23 часот.

– Во овој период, на различни локации во Тетово и Желино лишени од слобода се А.Ј.(21), Д.Р.(21), А.Д.(24), тројцата од Тетово, А.З.(32) од тетовска Стримница, и З.И.(26) од гостиварско Дебреше. Задржани се во Полициската станица – Тетово и по целосното рачистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, согласно член 206 од Кривичниот законик, информираат од тетовската полиција.

На подрачјето на СВР Тетово на 23 март заклучно со 6 часот, регистрирани се вкупно 354 лица на тетовско подрачје со потпишани писмени изјави за самозолација и 18 со решенија од Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат.