Втор случај на коронавирус во Премиер лигата, заразен и фудбалер на Челзи!

0
78

Сега се појави и втор случај во Премиер лигата. Се работи за фудбалерот на Челзи, Калум Ходсон Одои.

„И покрај тоа што доби позитивни резултати, Калум се чувствува многу добро и со нетрпение очекува да се врати на теренот што е можно поскоро“ , стои во соопштението на „сините“.

Сите тренинзи се откажани, а фудбалерите, тренерите и остатокот од членовите на екипата од Лондон се во карантин. Сите оние кои не биле во директен контакт со талентираниот напаѓач наскоро ќе се вратат на својата работа.