Вучиќ најавува можно херметичко затворање на границата со Македонија поради мигрантите

0
83

Србија херметички ќе ја затвори границата доколку се соочи со наплив на мигранти од Македонија. Предлогот, кој сериозно ја засега безбедноста на земјава, доаѓа од претседателот Вучиќ.

Да. Издадов налог до војската на Србија. Го замолив и Бирото за соработка со сите служби, МУП и Безбедносно информативната агенција, да ги подготват сите планови. На Владата исто така и наложив да ги подготви сите планови, доколку на кој било начин дојде до загрозување на националната безбедност и сигурноста на граѓаните на Србија, ние границите херметички ќе ги затвориме.