Вучиќ: Нема ништо од тоа, ние да го признаеме Косово, а да не добиеме ништо

0
123

Hие да го признаеме Косово, а да не добиеме ништо? Нема ништо од тоа – ваков одговор даде денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со преговорите со косовските власти.

„Тие нека си го работат своето, ние нашето, па ќе видиме кој е поуспешен“,

изјавил Вучиќ додавајќи дека клучно во целата ситуација е да се сочуваат мирот и стабилност.

Тој потврдил дека САД се сериозни во намерата да се укинат косовските такси кон српските производи, како и дека верува оти американскиот притисок во таа насока ќе продолжи.

На прашањето дали по посетата на САД смета дека Вашингтон сериозно му се заканува на косовскиот премиер Албин Курти за да ги укине таксите, Вучиќ одговорил:

„Апсолутно да. Вашингтон е апсолутно сериозен во својата намера да се укинат таксите и јас сум им благодарен на луѓето од Белата куќа, пред сè на Стејт департментот“.