Вучиќ : Србија ќе знае да ги заштити своите граници , доколку е потребно

0
137

Вучиќ на прес-конференција рече дека сите државни тела и служби преземаат акција и ги следат случувањата откако Турција ги отвори своите граници и им дозволи на мигрантите од Блискиот исток да влезат во ЕУ, и рече дека „ќе донесат одлуки според ситуацијата“.

“Ако има потреба да се заштитат и зачуваат границите, ние ќе го сториме тоа на ефикасен начин. Овој пат нема да чекам одговори од ЕУ, туку ќе дејствуваме апсолутно и исклучиво во интерес на нашата безбедност”, рече Вучиќ, истакнувајќи дека граѓаните не треба да бидат загрижени затоа што Србија „има доволно капацитет и моќ“ да го стори тоа.

„Ќе видиме и како реагира ЕУ. Отсекогаш сме покажувале солидарност со сите оние кои бегале од воените зони и не сакаме да се однесуваме кон некого нехумано, но ќе знаеме како да ја зачуваме безбедноста на српските граѓани“, рече Вучиќ.