Германија забранува собири на повеќе од две лица

0
80

Германскатата сојузна влада и владите на германските сојузни покраини воведоа забрана за состанување на повеќе од две лица во јавноста, со исклучок на лица кои живеат во исто домаќинство, изјави во неделата канцеларката Ангела Меркел.

„Коронавирусот се проширува со загрижувачка брзина и поради тоа социјалниот живот треба да биде намален на најмалата можна мерка. Ве молам да се придржувате до овие правила“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Во продолжение Меркел појасни дека, владата и сојузните покраини се договорија за воведување на забраната за престој на повеќе од две лица на јавен простор, со исклучок на сопственото домаќинство. Кон другите лица неопходно е растојанието од најмалку 1,5 метри.