Германија: Работи само еден хотел, за посебни гости – кралот на Тајланд со придружбата

0
76

Сите германски хотели се затворени поради корона-пандемијата, освен еден. Тајландскиот крал Маха Вајиралонгкорн (67) и неговата придружба – неколку жени и неколку слуги, добија, се чини, посебна дозвола да се сместат во хотел на подножјето на Алпите во јужна Германија.

Локалните власти на Гармиш потврдија дека хотелот добил посебно одобрение за сместување на одважните гости.

„Тие се единствена, хомогена група, која никаде не се движи“, изјави портпаролот на локалната власт.