Градоначалникот на Пласница на жителите им обезбеди заштитни маски и ракавици

0
87

Мобилни тимови од Општината заедно со градоначалникот Јахоски ја поделија заштитната опрема на најранливите групи, старите и изнемоштени листа, хронично болните и лицата со попреченост. Дополнително, Општината донира и прехрамбени производи со цел овие граѓани да не излегуваат за пазарување спротивно препораките од здравствените власти.

,,Мора сите да придонесуваме за намалувањето на ширењето на корона вирусот. Ова не е донација туку помош во моменти кога најмногу треба да се помогне. Важно е сите да сме свесни и одговорни и да седиме дома, намалувајќи ги социјалните контакти на минимум. Мора да се почитуваат препораките за доброто на сите, пред се за доброто на нашите најблиски. Сега треба да помогне кој колку може, а самите помагаме ако ги почитуваме мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата. – вели градоначалникот Јахоски.