Двата студентски дома во Охрид пренаменети за изолација на лица со полесни форми на инфекција од корона-вирусот

0
136

Средношколскиот и студентскиот дом во Охрид ќе бидат пренаменети во места за изолација и карантин на лесни случаи од Коронавирус кои евентуално би се појавиле во регионот. На располагање ќе бидат околу седумдесет соби. Најголемиот туристички центар се прилагодува на актуелната состојба, со цел преземање на превентивни мерки.

„Во координација со Министерството за здравство и директорите на јавните здравствени установи во градот, ќе се одреди една болница која ќе биде за лекување на тешки и средно тешки случаи, покрај овие два објекти кои ги подготвуваме за изолација и за карантин на полесни случаи, кои во иднина би биле заболени од Ковид 19. Треба да биде опремена со респиратор и со централен довод на кислород и соодветен кадар“, рече Константин Ѓеорѓиески-градоначалник на Охрид.