Двајцата доктори од Македонија кои биле во Мадрид немаат коронавирусo

0
84

На Инфективната клиника во Скопје денеска биле тестирани уште две лица, еден кинески и еден македонски државјанин, но резултатите покажале дека немаат коронавирус

Негативни се резултатите и на двајцата македонски доктори кои денеска беа тестирани за коронавирус, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Тие беа тестирани откако се вратиле од конгрес во Мадрид каде еден од предавачите бил заболен од коронавирусот. Двајцата доктори во земјава стигнале доцна во саботата, а вчера биле дома. По тестирањето им е пропишан здравствен надзор во домашен карантин од 14 дена.