Двајца лекари се тестираат на коронавирус-биле на конгрес каде имало заболен предавач

0
78

Двајца лекари кои биле на конгрес во Мадрид ќе бидат тестирани и ставени во изолација бидејќи еден од предавачите бил заболен од коронавирус, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Бевме известени од страна на СЗО дека двајца наши доктори биле во Мадрид на конгрес каде што еден од предавачите бил заболен од коронавирус. Тие пристигнале воз емјата во саботата навечер, вчера не биле на работа и освен со семејствата немале контакт со други луѓе. Според кажувањата тие немале контакт со предавачот, а и времето од еден и пол ден е малку за да постои опасност да биде пренесен вирусот. Сепак, тие ќе бидат тестирани и ставени во изолација 14 дена“, изјави министерот Филипче.

Тој информира дека нема нови случаи кои се испитуваат. Пациентката кај која беше утврден вирусот е добра и веќе трет ден нема температура. Таа се лекува на Инфективната клиника каде е сместена во изолација.

Филипче потенцира дека засега тестови има доволно, блузу 1000 . Во текот на викендот пристигнале 10. тина автобуси од Италија, сите патници биле испрашани и никој од нив немал симптоми, ниту бил во контакт со некој заболен.