Двајца штипјани на Фејсбук нуделе работа во Израел- барале оштетените сами да си ги плаќаат патните трошоци

0
120

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Ц.(39) и Д.Ц.(21), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.

Пријавените, пред околу три месеци на „Facebook“ објавиле понуда за работа во Израел, претставувајќи се како посредници, со услов пријавените сами да си го организираaт патот, доведувајќи ги во заблуда оштетените, кои за разновидни услуги биле насочени да извршат плаќање за адвокатски и патни трошоци, при што секој од нив поединечно потрошиле по 600 евра, или вкупно 1.800 евра.