Дебата за лажни вести: Со ситни пари се врши голема манипулација на луѓето

0
95

Ситуацијата со креирањето и пласирањето лажни вести чија примарна цел е контрола со размислувањето на луѓето е загрижувачка. Еден од главните проблеми е што трошоците за креирање на овие дезинформации се исклучително мали. Она што е клучно во борбата против лажните вести е нивно брзо идентификување. За таа цел потребни се здружени напори, ефективна соработка на државните институции со граѓанскиот сектор, со медиумите, со образованието и со бизнисите кај кои ќе се поттикнува и користење на најдобрите практики и соработка со партнери од странство.

Ова се дел од пораките што попладнево беа испратени од говорниците на панел дискусијата на тема „Штетното влијание на дезинформациите“ во организација на граѓанската асоцијација МОСТ. Меѓу нив беа и претседателот, Стево Пендаровски, и амбасадорката на САД Кејт Бернс.