ДЕЛ ОД СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВО ШТИП ПРОТЕСТИРАА ДА СЕ ВРАТИ СТАРИОТ НАЧИН НА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА БЕСПЛАТНИОТ УЧЕНИЧКИ ПРЕВОЗ

0
71

Бојкот на наставата или враќање на стариот начин на превоз до училиштата. Неколку стотина средношколци денес протестираа во Штип. Бараат општината да го смени начинот на превоз на учениците кои учат надвор од местото на живеење. Ако порано автобусите ги носеа пред училиштата сега превозот е платен до Автобуската станица, а мора да се возат и со редовни автобуски линии.

За превозниците што досега го реализираа посебниот превоз на ученици несфатливо е како малолетници ќе се возат со редовни линии, особено навечер по завршување на втората смена. Реагираат дека возниот ред не е приспособен на стартот и завршувањето на часовите, а со Законот се се фаворизираат неколку компании кои вршат меѓуопштински превоз.

Од општина Штип велат тие се последната општина што почнува да го применува законот донесен уште во 2018-та. Се обиделе да распишат тендер по старите правила, но добиле насока од Бирото за јавно набавки дека Законот мора се почитува.