Директорката нa Kожна клиника заболена од корона, комуницирала со вработени, ќе се затвора цел оддел

0
83

Директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Билјановска е четвртата заболена во земјава со корона вирус, откако пред една недела се вратила од патување Италија, информира на прес-конференција министерот Венко Филипче, кој изрази разочарување од неодговорното однесување на докторката.

– На клиниката за инфективни доцна синоќа е утврдено дека таа е позитивна на корона вирус. Сега во овие моменти се хоспитализира на Клиниката за инфективни болести. Морам да изразам крајно разочарување во контекст на непочитувањето на апелите и препораките кои постојано ги упатуваме, а се однесуваат на заштита и одговорно однесување после патувања во ризичните региони. Колешката одела редовно на работа. Земејки го предвид овој факт, исклучително со големо внимание постапуваме со мерките што ги преземаме на Клиниката на кожни болести. Епидемиолози од Институтот за јавно здравје прават проценка на степенот на ризик, на вработените и на пациентите. Можно е согласно одлуката на епидемиолозите, одделот да се затвори целосно. Пациентите кои се таму хоспитализирани исто така ќе се заштитат, утврдено е дека тие можат да го продолжат лечењето во домашни услови. Сите други прегледи ќе бида насочени кон ругите јавно здравствени институции. Таа немала директен контакт со пациенти во амбуланта кои доаѓале изминатава недела. Но имала контакти со членови на нејзиното семејство, со пријатели, по што за сите нив согласно разговорите ќе се донесе соодветна одлука, дали ќе бидат под здравствен надзор – рече Филипче.