Државата будно ја следи состојбата со евентуалниот бегалски наплив на граничните премини

0
83

Ситуацијата на македонско-грчката граница засега е мирна. Информациите на нaдлежните се дека нема зголемување на бројката на мигранти и дека се` уште нема конкретни најави за можен нов бегалски бран по комплицирањето на состојбата на премините од Турција кон Грција, каде се блокирани илјадници мигранти.

Зголемените воени сили продолжуваат да ја чуваат јужната граница на државата од можен бран на мигранти. Врховниот командант на Армијата, претседателот Стево Пендаровски, ја виде одблизу подготвеноста на војската за можен бран.

Можам да ви кажам дека и армискиот контингент тука го зголемивме, не можам да зборувам за бројки бидејќи тоа се класифицирани информации, меѓутоа го зголемивме. Не во очекување на некој голем бегалски бран, меѓутоа во очекување на тоа што евентуално може да се случи, да не не фати неподготвени. Знам дека истото се случува и со единиците на вработените од МВР. Ве уверувам, сите надлежни органи се тука и се будни, анализираат и разменуваат информации, така што практично не можам да видам ситуација во која ќе бидеме изненадени“, изјави претседателот Стево Пенадровски.

Сепак, од време на време илегалните имигранти можат да се видат како шетаат по автопатот кон северот

Од Црвениот крст истакнаа дека се подготвени да им ја дадат првата помош на околу 10 илјади мигранти

„Обезбедивме првична подготвеност за првичен одговор за 10 илјади мигранти кои би транзитирале во државата и евентуално 200 од нив кои би биле сместени во нашите прифатни центри на влез и на излез на државата за 30 дена да можеме да ги опслужиме. Дотолку ситуацијата ескалира тогаш веројатно би се активирале следните чекори и механизми“, истакна Саит Саити од Црвениот крст на Македонија