ДУИ е против намалување на платите на цела администрација

0
84

За ДУИ не е прифатлив предлогот на коалицискиот партнер СДСМ – целата јавна администрација да зема минимална плата во наредните два месеца за намалување на економските последици од коронавирусот.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека за него и за неговата матична партија ДУИ е прифатливо само намалување на платите на функционерите, но не и на сите административци.

„Јас сум подготвен да земам намалена плата, но не само јас, ние како ДУИ ја поддржуваме мерката што се однесува на минимална плата за сите функционирани или именувани лица, но сме против да се оди на минимална плата за целата јавна администрација. Секако дека имаме наши предлози и би ги охрабрил сите стопански комори, НВО и експерти да достават соодветни предлози, затоа што ние мислиме дека има и други ставки во буџетот каде што може да се скрати првично и да одиме фазно на тоа дека трошокот од оваа пандемија треба да го сносиме сите“,

рече Бектеши.