Европратеници: Зоран Заев ја направи вашата држава посакуван партнер на ЕУ

0
73

На 24. Конгрес на СДСМ со видео пораки за поддршка на политиките на СДСМ и претседателот Зоран Заев излегоа поголем број европските пратеници, како и меѓународно признати политичари од регионот.

„Зоран Заев и неговата Влада се најдобриот пример во Југоисточна Европа што една држава и една Влада можат да го направат за доброто за своите граѓани. Покачување плати и пензии, големи напори за обезбедување слобода на медиумите, за основните човекови права – ова е земјата што сакаме да ја видиме во Европската Унија”- изјави Тања Фајон, пратеничка во Европскиот парламент.

На неа се надоврзуваат и изјавите на други европратеници, кои ја познаваат политичката и економската ситуација во државата и според кои напредокот на Северна Македонија е очигледен.

„Успеавте да ја внесете државата во НАТО – ова е историски настан. Многу сте блиску и верувам дека наскоро ќе ги започнете преговорите за членство во Европската Унија. Вие го заслуживте тоа. СДСМ одржува Конгрес на кој ќе се одлучува за иднината на партијата и на државата” – порача Сергеј Станишев, претседател на Партијата на европски социјалисти.