Ердоган до Грција: Отвори ги границите, ослободи се од товарот

0
104

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика Грција да ги отвори вратите за емигрантите кои Турција ги пушти да се упатат кон Европа.

Тој ја повика Грција да ги пушти да продолжат понатаму кон другите земји од Европската Унија.

„Грцијо, ти упатувам повик: Отвори ги и ти твоите граници и ослободи се од товарот. Пушти ги да одат во другите европски земји“, порача Ердоган во говор во Истанбул пренесуван преку телевизија.

Ердоган најави дека денеска заминува во Брисел за да разговара за проблемот со емигрантите со функционерите на ЕУ и изрази надеж дека ќе се врати од Белгија „со поинакви резултати“.