Ерупција на корона вирусот во Италија, но во Кина состојбата се смирува

0
90

Последните 24 часа беа најдраматичните во Италија што се однесува до корона вирусот. Забележани се 133 смртни случаи, а бројот на заразени се искачи на над 6 илјади лица. Тоа ја прави Италија втора земја после Кина по бројот на починати и заразени по глава на жител од корона вирусот. Досега се забележани 366 смртни случаи, а 622 излекувани. Најзагрозени се највозрасните пациенти.

А, вонредната состојба и превентивните мерки кои се воведуваат низ земјата, предизвика бунтови во 27 затвори во Италија бидејќи беше воведена забрана за посета на роднини до 31 мај.

Во затворите во Сан Виторио кај Милано затворениците ги запалиле душеците, се качиле на кровот на објектот извикувајќи „Сакаме слобода“.

Во меѓувреме, во Кина втор ден по ред се забележува помал број на нови случаи на заразени. Во последните 24 часа се регистрирани само 40 новозаболени, 36 во Вухан. Државните медиуми соопштија дека поради намалувањето на бројот на заболени, веќе се затворени 11 од вкупно 16 болници кои беа изградени специјално за заразените од корона вирус во Вухан.

Извор АлсатМ