Жбогар: ЕУ ќе и помогне на Северна Македонија за справување со коронавирусот

0
108

Евроамбасадорот Самуел Жбогар преку својот твитер профил ја најави помошта од ЕУ за Северна Македонија за справување со коронавирусот.

– Сите сме заедно во борбата против злобниот вирус. Во ова време на потреба, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија до 4 милиони евра за итни потреби, 50 милиони за социјално и економско закрепнување, 9 милиони за приватниот сектор и до 3 милиони евра директна буџетска поддршка, напиша евроамбасадорот Жбогар.