Забранети летовите од Европа за САД во наредните 30 дена, ЕУ негодува

0
69

Во наредните 30 денови со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да се забранат сите патувања од Европа во САД. Забраната ќе почне да се применува од петок на полноќ по американско време, пренесува „Индекс.хр“.

„За да не влезат во нашата земја новозаразени ќе ги прекинеме сите патувања од Европа во САД во следните 30 дена“, изјави Трамп од Белата куќа.