Заев: Вонредната состојба ќе не направи посериозни и поодговорни, и како граѓани и како институции

0
81

Лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ изнесоа став дека вонредната состојбата на државата ќе и’ стави на располагање повеќе механизми за да спречи ширење на коронавирусот, но и да преземе мерки за помош на економијата.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ вели иако тие бараат воведување на кризна состојба, како областа која е регулирана со закон за разлика од вонредната состојба, сепак сметаат дека поради алармантноста на состојбите на терен неопходно е прогласување на вонредна состојба и да не се губи драгоцено време за да им се помогне на граѓаните и економијата. Но, смета дека вонредната состојба носи опасност моќта да биде сконцентрирана во еден човек.

„ Јас побарав воспоставување на кризна состојба затоа што тоа е степен повисоко во сериозноста на пристапот, квалитетот и мобилноста на справување со последиците од Корона вирусот. За разлика од воведувањето на Вонредна состојба во која целата власт се сосредоточува во рацете на еден човек, што ќе се согласите и не е така демократски. Но, ова и во овој случај е секундарно, затоа што е примарно здравјето на граѓаните и итното делување“, рече Мицкоски.