Заев на Конгресот на СДСМ: Ние сме партија на прогресот, нашите политики ги враќаат парите кај граѓаните и носат иднина во ЕУ и НАТО

0
89

,,Денес, сите ние кои сме дел од СДСМ ги продолжуваме одговорните и државотворни политики што водат напред, кон интеграција, кон развој, кон подобра иднина за сите граѓани. Две и пол години СДСМ ја предводи власта. Две и пол години државата, општеството напредуваат во секое поле”, им се обрати претседателот Зоран Заев на присутните на 24.Конгрес на партијата на кој се објавуваат листите со кандидати за изборите.

Во победничка атмосфера тој наброја многу од проектите реализирани во мандатот на СДСМ.

„Во 2016 година најавивме концепт со кој парите ги враќаме назад кај граѓаните. Денес, тој концепт е целосно исполнет. Затоа е укината е радиодифузната такса, воведовме евтина дневна тарифа на струјата за помали сметки во семејствата, ги намаливме трошоците за катастар, за адвокатски, нотарски и извршителски услуги, сериозно ги намаливме и казните за физичките лица, за 300 отсто ја зголемивме социјалната помош, го проширивме опфатот на детски и образовен додаток, а воведовме и социјална пензија. Субвенциите за земјоделците ги зголемивме и ги исплаќаме навремено, а 55.000 земјоделци набавуваат нафта за 30 отсто поевтина. Над 8,5 милиони евра враќаме директно на сметките на граѓаните преку мерката мој ДДВ”, истакна Заев.