Заев: Опозицијата слободно да се радува на одлуката за преговори со ЕУ

0
75

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во своето јавување во емисијата „Утрински брифинг“ ја повика опозицијата, како што вели тој, слободно да се израдува на успехот со доделувањето на почеток на преговори од страна на Европската Унија.

„Очекував честитка, затоа што ова беше борба која ја воделе сите генерации, сите политички гарнитури, сите влади, од кои некои повеќе некои помаку. Ова беше процес кој започна во 2001 со Договорот за стабилизација и асоцијација, а потоа и во 2005 со кандидатскиот статус. Треба да се радува и опозицијата. Имаме ние други битки со нив, но вчера беше ден на радост. Опозицијата требаше да најде доблест да честита“, рече Заев.