Заев: Сите мора рамноправно да го понесеме товарот

0
69

„Чесно и храбро водејќи се од државниот интерес мора да кратиме од непродуктивните трошоци, да се скратат платите на администрацијата, сите рамноправно и солидарно мора да го понесеме товарот од кризата“, истакна претседателот на СДСМ Заев во гостувањето во Утрински брифинг.

„Популистите се ориентирани на политички поени и ги отфрлаат ваквите предлози затоа што калкулираат, но некој треба да се грижи за иднината на државата, кога доаѓа тешко време некој треба да ги соопшти и не така благопријатните одлуки, нагласи Заев.

Главна цел на мерките предложени од СДСМ е помош за економијата, која се состои од 200 милиони евра за поддршка на работниците, за зачувување на работните места и помош за економијата. Овој пакет мерки ќе се финансира од заштедата и од кратење на непродуктивните трошења, порача Заев