Заев ќе го покани Тачи на средба, но Беса останува единствен нов партнер во коалицијата на СДСМ

0
77

Мендух Тачи во гостување за косовска телевизија изјави дека и тој се залага за етнички мешана коалиција, ама не по теркот на коалицијата СДСМ-Беса. Лидерот на ДПА смета дека оваа коалиција е поради тоа што СДСМ котира послабо кај етничките Македонци

Планирана е средба на високо ниво меѓу претставници на СДСМ и на ДПА, но тема на разговорите, според извори од „Бихаќска“, нема да биде можноста за коалиција меѓу двете партии. Беса, најверојатно, останува единствен партнер на СДСМ од албанскиот политички блок, додека ДПА или ќе оди сама на изборите или ќе коалицира со НДП на Вејсел Мемеди.

Додека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред некој ден остави простор за разговори со ДПА во контекст на можна соработка на изборите, Мендух Тачи, во гостување за косовска телевизија, изјави дека и тој се залага за етнички мешана коалиција, ама не според теркот на коалицијата СДСМ-Беса.