Заробените“ Македонци на Малта стравуваат дека аеродромот може да биде затворен

0
79

Патниците, кои туристички отпатуваа во Малта и требаше вечерва со авион на Визз ер да се вратат во Скопје, соопштуваат дека се информирале за можностите кои им се на располагање.

-Постои можност за заминување и вечерва со Туркиш Ерлајнс со летот за Истанбул, само ако некој од веќе купените билети се откаже, па да се продаде на некој од оние кои се на аеродром и бараат солуција за да се вратат за Скопје. Другите опции се кон Солун во понеделник, за кои во овие моменти може и да нема веќе билети или Атина, исто така со Рајан Ер. Другата можност за лет кон Будимпешта, но исто така и оттаму е тешко за конекција до Скопје. Ако во меѓувреме владата во Малта пристапи кон затворање на аеродромот во понеделник или утре, во тој случај веќе не постои можност за нивно враќање се’ додека не се нормализира ситуацијата.. За жал, такви се моменталните услови. Од тие причини, постојано се повторува до сите во Европа: Не патувајте никаде во овие моменти, ситуацијата станува посложена, низ цела Европа, напиша Моника Србиновска, еден од патниците кои чекаат транспорт од Малта во Македонија.