Затекнати додека правеле тешка кражба: Уапсени две лица од Радовиш

0
84

На 18.03.2020 во 16.40 часот, полициски службеници од Полициска станица Радовиш ги лишиле од слобода С.С.(48) и Г.Ј. (61), и двајцата од Радовиш, кои биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во кругот на поранешен рудник „Дамјан“.

Украдените предмети се одземени од лицата, а за настанот бил известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш.

По документирање на случајот ќе следува поднесок.